Со нерешениот резултат 1:1 на стадионот „Сан Никола“ против домашниот Бари, Парма се врати во Серија А. Култниот италијански клуб на две кола до крајот на сезоната во Серија Би има 7 бода повеќе од третопласираната Венеција.
Историјата на Парма во последниве години беше сè само не сјајна. Клубот згасна, па повторно оживеа во 2015 година.
Во следните три години, Парма стана првиот клуб кој остварил промоција во повисок ранг во три последователни сезони и успеа да се врати во Серија А, каде што остана до сезоната 2020/2021, Во таа сезона забележа само 3 победи и повторно испадна во понизок ранг.
Минатата година навивачите беа разочарани по баражот, а сега Парма го обезбеди најмалку второ место и враќање во елитата.
Табела: