Избори 2016

Партијата на Фијат Цаноски во коалиција со СДСМ

9. ноември 2016 - 13:31 | Макфакс

Партијата за европска иднина (ПЕИ) предизборно ќе коалицира со СДСМ и останатите коалициони партнери, одлучено на состанокот на Извршниот одбор одржан пред два дена во Скопје.

ПЕИ, партијата чиј претседател е бизнисменот Фијат Цаноски, со свои членови ќе учествува на коалиционите листи за пратеници во следните Изборни единици:

Изборна единица 2 на позиција 15 кандидат за пратеник Сеадин Џафери, претседател на Општинската организација Скопје.

Изборна единица 5 на позицијата 8 кандидат за пратеник Алија Камбероски, претседател на Општинската организација Струга

Изборна единица 6 на позиција 17 кандидат за пратеник е Абдија Мерсоски, претседател на Општинската организација Дебар.

„Согласно постигнатиот коалиционен договор Партијата за европска иднина – ПЕИ после победата на претстојните парламентарните избори, ќе партиципира во Извршната власт и формирање на новиот Владиниот кабинет со именувани функционери од редовите на нашата партија и тоа во првиот, вториот и третиот ешалон. Согласно Статутарните одредби сите одлуки од Коалициониот договор ќе бидат верификувани на Седница на Централниот одбор на ПЕИ кој ќе се одржи на ден 12.11.2016 год. сабота во Струга“, се вели во соопштението на партијата.

Коментирај