Педесетина актери конкурираат за наградата „Ристо Шишков“

Струмица, 4 септември 2019 (МИА) – Педесетина актери од десет претстави од театри од Бугарија, Хрватска и Северна Македонија ќе конкурираат за единствената награда за високо актерско остварување на 27 издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, што традиционално се одржува во Струмица.

Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот, актерот Ристо Шишков, како и парична награда од 1.500 евра.

Завесата на сцената во НУЦК „Антон Панов“ ќе ја кренат актерите од Драмски куклен театар Враца, Бугарија со претставата „Убавицата и принцот“, по новелата „Сонот на чичкото“ на Достоевски, во драматизација и режија на Николај Полјаков.

Фестивалот традиционално почнува на 8 септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија и ќе трае до 12 овој месец.

Директорот на ФКТ „Ристо Шишков“, Ванчо Ристов Патриков изјави дека и ова фестивалско издание на љубителите на театарот им нуди богата програма со интересни театарски постановки, а секој ден ќе се одржуваат и разговорите на тркалезната маса за одиграните претстави.

Фестивалската жири комисија ќе ја предводи ланскиот лауерат, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Коло Вандов од Бугарија и режисерот Драган Јаковлевиќ од Србија

Фестивалот е финансиски помогнат од министерството за култура и општина Струмица.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе