Пејачот на „Металика“ падна на сред сцена
Пејачот на бендот „Металика“, Џејмс Хетфилд, падна на сцена на концерт во Холандија но, како што вели, освен повреденото его, нема други повреди.
Снимката направена од еден посетител на концертот прикажува како Хетфилд паѓа откако нагазува на вдлабнатина на сцената во текот на вчерашниот настап.
Тој паѓа со лицето на подот и неколку секунди не се поместува додека техничарите не му помогнат да стане.
На Хетфилд ова не му е првпат да доживее несреќа на сцена. Тој во 1992 година претрпе тешки изгореници од сценска пиротехника на концерт во Монтреал.