Пендаровски денеска на состанок со Макрон

Париз, 12 ноември 2019 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, кој е во дводневна посета на Париз, вчера учествуваше на вечера за шефови и држави на влади организирана од францускиот претседател во пресрет на Парискиот мировен форум кој се одржува денеска и утре.

Денеска претседателот ќе учествува на мировниот форумот каде ќе има обраќање пред учесниците и на кој ќе се осврне на регионалната безбедност, најавуваат од неговиот кабинет.

На маргините на Парискиот форум, Пендаровски би требало да оствари и билатерална средба со Емануел Макрон, како и со австриската канцеларка Бригит Биерлејн, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш и со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Парискиот мировен форумот има за цел да отвори дебата за големите глобални безбедносни предизвици со експерти, професори, претставници на граѓанското општество и на меѓународните организации, министри и шефови на држави и влади.

Емануел Макрон ќе го отвори Форумот утрово, заедно со избраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн, претседателот на Демократска република Конго, Феликс Чисекеди и потпретседателот на Кина, Ванг Чишан.

Учесници се и српскиот претседател, Александар Вучиќ, германскиот министер за надворешни, Хајко Мас, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, но и Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос.

Билатералната средба со Макрон доаѓа неколку недели по француското вето за преговори со Северна Македонија и барањето на Франција да се замрзне проширувањето додека не се реформира Европската Унија внатрешно.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Read more

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Read more

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе