Пендаровски потпиша 21 закон на кои Иванов не стави потпис

Скопје, 21 мај 2019 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претходниот претседател Ѓорге Иванов.

Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на законите за оперативно-техничка агенција, за Централен регистар на населени и за финансиска поддршка на инвестиции, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет, смета дека овие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.

Потпишани се указите за прогласување на следните закони:

– Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција;

–  Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации;

–  Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност;

– Закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

– Закон за Централен регистар на население;

– Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции;

– Закон за изменување на Законот за спортот;

– Закон за практиканство;

– Закон за услуги;

–Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи;

–Закон за извршување на санкциите;

– Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи;

–Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди;

–Закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот;

– Закон за електронско управување и електронски услуги;

– Закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more

Лични документи може да се подигнат и в среда

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе