Пентагон: Ирачките сили напредуваат кон Мосул побрзо од предвиденото

Ирачките сили напредуваат побрзо од предвиденото во офанзивата чија цел е да се заземе Мосул од ИСИС, но битката ќе биде тешка и долга објави Пентагон. Истовремено силите на сириските Курди објавија дека заземале десет села во областа на вториот по големина град во земјата и притоа загубиле 25 борци.

Почетокот на долгонајавуваниот напад предизвика стравувања за судбината на стотиците илјади цивили кои се наоѓаат во градот Мосул, кој пред заземањето од страна на џихадистите во јуни 2014 година имаше околу два милиона жители, а групите за човекови права предупредуваат на можна голема хуманитарна криза.

Пентагон ноќта кон вторникот објави дека операцијата добро започнала, но предупреди дека станува збор за „тешка операција која би можела да потрае. Претходно во понеделникот американскиот генерал Стивен Таунсенд објави дека борбите ќе траат веројатно со седмици, но може дури и подолго. Нагласи дека „Битката ќе биде долга и тешка, но дека Ирачаните се подготвени“ и оти Американците се покрај нив.

„Раните знаци упатуваат на тоа дека ирачките сили досега ги исполниле своите цели, дури и порано од предвиденото за првиот ден“, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана, Питер Кук, пренесе AFP.

Претставниците на автономниот северен регион Ирачки Курдистан, чии борци се познати како „пешмерга“ (оние кои не се плашат да умрат, во слободен превод), во вторникот објавија дека во текот на првиот ден од операцијата за заземање на Мосул ослободиле 10 села во неговата околина, а притоа загубиле 25 борци.

Ирачката армија не објави официјални загуби од првиот ден од операцијата, но во понеделникот курдската новинска агенција Firat објави дека бомбаш самоубиец на Исламската држава се разнел среде воен конвој, при што загинале најмалку 70 ирачки војници.

„Пешмергите го продолжуваат напредувањето, се водата борби. Во изминатото деноноќие загинаа 25 борци, има и ранети. Ослободени се десет села“, соопштил за агенцијата РИА претставник на курдските власти.

Истакнал дека во некои области пешмергите дошле на растојание од само шест километри од првите градски линии на Мосул, соопшти владата на покраината Ирачки Курдистан.

Претходно беше јавено дека меѓу ранетите во борбите за Мосул е и синот на потпретседателот на Ирачки Курдистан и заменикот генералниот секретар Патриотскиот сојуз Курдистан, Шалау Косред Расул.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе