Пензија на 1-ви, нов пакет за пензионери на Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка на пазарот го претстави својот најнов пакет услуги наменет за сите пензионери, корисници на услугите на Банката. Станува збор за пакет со кој пензионерите ќе добијат низа предности и поволности, меѓу кои главна предност е подигнувањето пензија редовно на првиот ден од месецот, со што ќе можат практично и навремено да управуваат со своите средства. Доколку првиот ден од месецот е неработен ден, пензијата ќе биде исплатена претходниот работен ден.

Пакетот за пензионери на Шпаркасе Банка нуди низа предности, креирани специјално за потребите на оваа група граѓани. Покрај редовната исплата на пензијата секој 1-ви од месецот, пензионерите добиваат и можност за подигнување потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 7% во првата година, максимален износ до 300.000 МКД и вклучена Полиса за животно осигурување, како и бесплатен траен налог за подмирување на обврските кон Банката од земениот кредит. Корисниците на пензионерскиот пакет добиваат трансакциска сметка и дебитна картичка на Шпаркасе Банка, со дозволено пречекорување со промотивна каматна стапка од 6% во првите 12 месеци, а ја добиваат и услугата Електронско банкарство без надомест за користење. Покрај тоа, пензионерите корисници на овој пакет ги добиваат и следните предности - во случај на осигуран настан, осигурителното друштво ги презема обврските на кредитокорисникот, како и едноставен начин на плаќање на премијата за животното осигурување. Дополнително, во случај на предвремено затворање на кредитот, осигурителната полиса се предава на клиентот.

Пакетот за пензионери на Шпаркасе Банка им е достапен на сите пензионери што ќе аплицираат за оваа услуга. Апликацијата е лесна и едноставна, а предностите на пакетот се многубројни. За оваа, како и за другите услуги на Шпаркасе Банка, клиентите може да се обратат во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе