Здравје

Пет финтици за да го забрзате слабеењето

13. август 2019 - 13:05 | Кајгана

Доколку сакате да ослабете на здрав начин, треба да се храните здраво и да вежбате. Но, овие трикови можат да ви помогнат и да го забрзаат овој процес.

Спијте повеќе

Спиењето е многу важно за слабеењето, бидејќи му помага на телото да се опорави. Токму во сонот, мускулите растат и закрепнуваат, што е многу важен дел за менување на изгледот на телото и намалувањето на мастите во организмот. Исто така, луѓето кои спијат помеѓу седум и девет часа во текот на ноќта, помалку имаат „напади” на глад во текот на денот.

Пијте чај или кафе

Внесувањето на кофеин пред вежбање може да помогне да согрите повеќе масти. Кофеинот го забрзува метаболизмот, а кафето пред вежбање може да го наведе телото да користи масти како извор на енергија.

Пијте чоколадно млеко

Студиите имаат покажано дека пиењето чоколадно млеко после тренинг го забрзува закрепнувањето и согорувањето масти.

Јадете почесто

Многу луѓе сметаат дека треба да прескокнуваат оброци за да ослабат. Но, всушност треба да јадете почесто. Причината за ова е што телото се обидува да се заштити и доколку не внесувате доволно „гориво”, го успорува метаболизмот и прави залихи складирајќи масти. За да го избегнете ова, јадете редовно и почесто помали оброци, комбинирани со редовна физичка активност.

Опуштете се

Вежбајте, јадете, спијте и повторно во круг. Ослобводете се од стресот, затоа што кортизолот, хормонот на стресот, отежнува да им одолеете на грицките и да ја игнорирате нездравата храна кога сме под стрес или кога сме уморни.

Коментирај