Пет клучни совети за подобро здравје

Иако понекогаш делува дека треба да вложите многу средства и време за нешто да направите за вашето здравје, во пракса може да биде и поедноставно. Затоа, прочитајте неколку едноставни совети што може да направите за да бидете поздрави.

Седете помалку

Физичката активност не само што помага да бидете послаби, туку го намалува ризикот од рак на дебелото црево, ракот на грлото на матката и дојките. Научниците ова го образложуваат со влијанието на физичката активност врз хормоните. Освен ова, постојат докази и дека физичката активност е добра и за менталното здравје. Било која физичка активност е добра. Трудете се да сте што помалку во состојба на мирување. Не мора да вежбате во теретана. Шетајте, возете велосипед, пливајте…

Јадете повеќе овошје и зеленчук

Стручњаците уште не можат да се договорат дали за здравјето е подобро да сте вегетаријанец или не, но согласни се за една работа - овошјето и зеленчукот имаат навистина добро влијание на здравјето.

Последниве години сè повеќе се збори за влијанието на полифенолите и флаваноидите - фитохемикалии кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, а кои помагаат во спречувањето на развојот на болестите и поттикнуваат нормално функционирање на организмот. Се смета и дека имаат добро влијание врз имунитетот и имаат антивоспалителни својства.

Спијте повеќе

Истражувањата кои ги имаат анализирано бројот на часови кои ги поминуваме во спиење врз влијанието на здравјето, покажуваат дека премногу сон влијае подеднакво лошо како и премалку сон - го зголемуваат ризикот од болести на срцето, дијабетес и прекумерна тежина. На здравите возрасни луѓе им се препорачува да спијат помеѓу седум и девет часа во текот на ноќта.

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон може да влијае и на одлуките за исхраната кои ги донесуваме, доведувајќи до тоа да ви се јаде покалорична храна, па поради ненаспаност да внесувате и до 400 калории дневно повеќе.

Научете како да се изборите со стресот

Модерниот начин на живот носи и секојдневна изложеност на стрес, а ова има ужасно влијание на нашето здравје. Затоа, важно е да научите како да се изборите со стресот - вежбајте, медитирајте, практикувајте јога, слушајте музика, читајте, а доколку ви е потребно - и исплачете се.

Пијте повеќе вода

Дали сте знаеле дека доколку сте дехидрирани само еден процент, ова влијае на вашата способност да се концентрирате? Сите знаеме колку водата е битна за нашиот организам, но понекогаш се случува покрај сите обврски да заборавиме да внесеме доволно вода. Ова ги намалува нашите ментални споособности и го зголемува стресот.

Повремено обрнете време и на вашата урина, бидејќи таа може да ви открие дали сте на пат кон дехидрација - доколку е темна, ви треба вода.

Овие навики се толку едноставни што можете да почнете да ги практикувате уште од денес за да го подобрите вашето здравје. Доколку и ова ви се чини премногу, почнете да воведувате по една од овие навики секоја недела и лесно ќе се прилагодите.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе