Пет лица под истрага за насилството во Шуто Оризари

Скопје, 30 Јануари 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица  за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените на 28  јануари 2019 година во близина на поликлиниката во Шуто Оризари, во група заедно со други лица, извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило „хјундаи галопер“ без регистарски таблички. Иако тројцата оштетени им кажале дека не знаат за што се работи, а еден се легитимирал со службена легитимација и им кажал дека е вработен во МВР, петтемина осомничени физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци“, соопшти ЈОРМ.

Притоа еден од оштетените се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност, додека останатите двајца се стекнале со телесни повреди. Со ваквите дејства, осомничените кај останатите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени“, наведува Обвинителството.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе