Фит
Подгответе се за новогодишната ноќ

Пет начини за брзо слабеење со помош на исхрана

3. декември 2019 - 17:59 | М.С.

Не мора да држите никава строга диета, потребно е да направите само мали промени во исхраната. Нутриционистката Сузи Барел сподели неколку совети кои можат да ви помогнат да го смените начинот на исхрана и да ослабете до крајот на годината.

Диета од три дена

Нема ништо лошо во тоа неколку дена да јадете само овошје и зеленчук, односно три до пет дена. Потоа, вратете ги протеините во исхраната, грозјето, цинкот и калциумот кои се неопходни за нормално функционирање на телото.

Базирајте ги оброците на овошје, зеленчук и месо

Здравата храна не мора да биде комплицирана, тврди нутриционистката која ве советува да јадете овошје, зеленчук и месо.

Држете се до едноставните оброци кои се состојат од свежо овошје и зеленчук, како што се супа, салата, смуди.

Полни се со витамини и минерали и влакна, ќе ви помогнат да го исфрлите остатокот од течностите од телото и да ослабете два килограми без да прескокнувате оброци.

Избегнувајте грицки

Генерално, ги јадеме повеќе отколку што треба, а многу често и како замена за оброк.

Треба да јадете хранливи оброци три до четири пати дневно. Доколку сакате да имате ужинка помеѓу јадењето, изберете овошје или јаткасти плодови.

Пијте вода

Уште еден начин да ја рестартирате својата исхрана е да ставите фокус на тоа дека треба да внесувате неколку литри вода дневно, плус чаеви.

Не само што ќе ви помогне да слабеете, туку и хидратацијата е важна за да органите работат ефикасно и да се чувствувате добро.

Ограничете го времето за јадење

Поради модерниот начин на живот јадеме по цел ден и внесуваме прекумерна количина на храна, а ништо од тоа не е хранливо.

Проблемoт е тоа што јадеме во текот на целиот ден, а телото е програмирано неколку часа да биде без храна заради хормонот кој го контролира складирањето на масти во текот на денот.

Коментирај