Живот

Пет причини поради кои бебињата родени во декември се посебни

2. декември 2019 - 13:59 | Б.С.Б.

Декември е месец во кој се раѓаат најмалку бебиња, па тие од почетокот се сметаат за посебни. Според статистиката, постојат неколку интересни причини поради кои бебињата родени во овој месец се посебни.

1. Машките деца родени во декември најчесто се леваци

Истражувачи од Универзитетот во Виена откриле дека момчињата родени од ноември до февруари најчесто се леваци, за разлика од оние родени во останатите месеци. Причината за ова сè уште се истражува. Во истражувањето учествувале 13.000 учесници од кои 7,5 проценти биле жени и 8,8 проценти мажи, леваци. Повеќето мажи биле родени меѓу 1 ноември и 1 јануари.

2. Меѓу најмладите се во одделението

Многу родители се загрижени затоа што нивното дете е меѓу најмалите во градинка или на училиште, но подоцна тоа си има свои предности. Истражувањата покажуваат дека кога се запишуваат на факултет помладите деца остваруваат подобри резултати.

3. Веројатноста да бидат стоматолози е голема

Истражување спроведено во Велика Британија откри дека стоматолозите најчесто се личности родени во декември, пишува Guardian.

4. Долго ќе живеат

Според статистиката, луѓето родени во декември имаат најголеми шанси да го доживеат стотиот роденден. Според германска студија објавена во Journal of Aging Research, бебињата родени во декември имаат големи шанси да го дочекаат сто и петтиот роденден за разлика од децата родени во јуни.

5. Утрински типови се

Истражување на студенти од Универзитетите во Италија и во Шпанија покажало дека луѓето родени во декември почесто се утрински типови за разлика од родените во летните месеци.

Други истражувања покажале дека децата родени во овој период од годината полесни се за заспивање за разлика од нивните врсници.

Коментирај