Здравје

Пет причини зошто сте постојано уморни

2. јануари 2019 - 19:06 | К.З.

Многу работи влијаат на квалитетот на животот, но малку од нив имаат толку големо влијание како недостатокот од сон. Доколку спиете премалку или пак спиете лошо, голема е веројатноста дека вашата функционалност во текот на денот ќе се намали.

Ако исцрпеноста и заморот ве мачат долго време, тогаш тоа е знак дека треба да ги смените вашите навики. Подолу можете да прочитате каде грешите, а ваше е да ги исправите лошите навики кои влијаат на вашето здравје.

Светлата ви светат до доцна во ноќта

Светлото во просторијата има подеднакво голем удел во проблемот со спиењето како и зрачењето од телефонот за време на ноќта. Светлото влијае на производството на мелатонин, што пак доведува до пократок и неквалитетен сон.

Го одложувате станувањето

Иако секогаш е примамливо да го исклучите алармот и да продолжите да спиете, сепак експертите советуваат дека треба да престанете со оваа лоша навика. Дополнителниот сон само ќе ви го наруши станувањето и ќе предизвика дополнителни проблеми во вашата продуктивност.

Се туширате со топла вода пред спиење

Најчестиот мит поврзан со проблемите со спиење вели дека треба да се туширате со топла вода за да го опуштите телото пред заспивање. Ова не може да биде подалеку од вистината. Иако топлата вода ги опушта мускулите, таа исто така ја подига температурата на телото и го прави сонот потежок и помалку квалитетен.

Работите до доцна навечер

Не ги мешајте приватното со работното време ако сакате да си го зачувате здравјето. На мозокот му треба повеќе време за одмор пред да заспиете, па затоа избегнувајте да работите непосредно пред спиење.

Претерувате со алкохол

Истражувањата покажаа дека алкохолот влијае на пораст на заморот во текот на денот. Ова не е ниту малку изненадувачки факт, бидејќи алкохолот содржи големи колични шеќер, кој на телото му влијае исто како кофеин.

Коментирај