Пет проблеми во Јунајтед за кои Солскјер треба да најде решение

По неколку месеци на клупата на Манчестер Јунајтед како в.д. тренер, Оле Гунар Солскјер конечно ја доби трајната позиција во неговиот омилен клуб. Но, тоа не значи дека проблемите магично ќе исчезнат – баш напротив, раководството му ја довери одговорноста на Солскјер да го однесе клубот на победничките патеки.

Составот на Манчестер Јунајтед никогаш целосно не застана зад поранешниот тренер Жозе Мурињо, а страв од истото треба да постои и кај Оле Гунар Солскјер, кој иако е икона на клубот, сепак го нема фудбалското резиме на „Специјалниот“ за да се надева на втора шанса.

Бидејќи ниту Солскјер не е семоќен, проблемите кои го мачеа Манчестер Јунајтед во времето на Жозе Мурињо во голем дел останаа да го мачат и Норвежанецот. Решивме да ги издвоиме петте најважни работи на кои Солскјер треба да обрне внимание, со цел да го врати Јунајтед на врвот на европскиот фудбал.

Алексис Санчез – продажба или нова шанса?

Што може да се направи со Алексис Санчез? Чилеанецот постигна само 2 гола во 23 натпревари сезонава, што е премалку во однос на неговата огромна плата од 14 милиони годишно. Солскјер мора да одлучи дали ќе го задржи 30-годишниот напаѓач или ќе го продаде за да отвори простор за други играчи – нови трансфери или фудбалери од младинскиот тим.

Продолжување на договорот на Давид Де Геа

Колку чини да се има во составот најдобриот голман во светот? Агентот на Давид Де Геа вели дека одговорот на тоа прашање е 500.000 фунти неделно. Ако Јунајтед и Солскјер решат дека сакаат да го задржат шпанскиот голман, ќе мора да ја исплатат оваа сума во целост.

Погба мора да биде среќен

Откако Солскјер пристигна во Манчестер Јунајтед, Пол Погба го игра најдобриот фудбал во кариерата. Французинот постигнува голови, ја организира играта и е главна алка во составот на „црвените ѓаволи“, па затоа Солскјер мора да го одржи среќен, бидејќи веќе кружат шпекулации дека Погба би можел да си замине во ПСЖ, Јувентус или Реал Мадрид.

Време е за „чистка“

Најголемиот проблем на Манчестер Јунајтед не е во најдобрите играчи, туку во оние кои веќе не поседуваат квалитет за да играат на највисокото ниво. Антонио Валенсија, Матео Дармијан, Маркос Рохо и Ешли Јанг од поодамна не изгледаат подготвени за да играат во шампионски тим, а Ерик Бејли, Маруан Фелаини и Ромелу Лукаку имаат огромен проблем со константноста, па се постојано на удар на медиумите и навивачите. На Солскјер останува да реши кој ќе го напушти клубот, а што побрзо најде одговор на ова прашање – тоа подобро.

Најмување на играчи кои ќе направат позитивна разлика

Купувањето на играчи кои се скапи, а не ја оправдуваат нивната цена на теренот (читај: Алексис Санчез) мора да престане. Бидејќи Оле Гунар Солскјер ќе учествува во изборот на играчите, мора да ги одбере вистинските фудбалери кои ќе знаат да го пренесат неговиот стил на зеленото поле. Веќе се споменуваат неколку опции, меѓу кои најатрактивна изгледа Џејдон Санчо, но помеѓу имињата кои се поврзуваат со Јунајтед се и Калиду Кулибали (Наполи), Арон Ван Бисака (Кристал Палас) и Бруно Фернандес (Спортинг Лисабон).

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе