Пет совети како да му помогнете на партнерот кога прави големи промени

Среќните врски се темелат на разбирање, поддршка и почит помеѓу партнерите. 

Секој од нас сака на својот партнер да му даде поддршка и разбирање, но некогаш нашите мисли или чувства преовладуваат и тргнуваме во погрешна насока. Еве совети кои ќе ви помогнат како да постапите на правилен начин и да му помогнете на партнерот полесно да ја совлада промената.

Прашајте што ве интересира

Ако партнерот, на пример, сака да се откаже од некоја лоша навика или да започне да јаде поздраво, важно е да знаете зошто. Поставувајте прашања за да ги разберете подобро.

„Со тоа што ќе добиете одговор на прашањата ќе ја елиминирате можноста за недоразбирање или проектирање на вашите идеи кон некој близок. Прашајте ги какви се нивните цели, каква е нивната дефиниција и дали тие веќе знаат на кој пат да одите", раскажува брачниот терапевт Тори Ефрон.

Поставете цели

Без оглед на тоа што паартнерот сака промена, важно е да знаете како тоа ќе влијае на вашето чувство за самопочит. Потсетете ги дека сте тука за нив и разговарајте за целите и што значат тие за вашиот партнер поединечно, или за вас како заедница.

Ако, на пример, сака да го промени работното место, кои цели ќе ги постави? Различна околина, поголема плата, помала одговорност или нешто покреативно? Таа одлука ќе влијае и врз вас и важно е да ги знаете сите нејзини аспекти.

Прашајте што можете да направите за да помогнете

Промената обично доаѓа одвнатре, што значи дека не мора да ја „преземате“ на себе. Не мешајте се повеќе од потребно, поддршката е понекогаш тивка, незабележлива, но важно е дека ја има.

Пофалете го напредокот

Не е лесно да се одлучи за голема промена во животниот стил, па кога ќе видите дека вашата сакана смело го следи тој пат, пофалете ја. Покажете дека сте горди и дека верувате дека ќе стигне до целта.

Очекувајте застој

Никој не рече дека радикалните промени се лесни и без пречки на патот. Зборувајте за нив и прифатете ги моментите кои не се лесни, кои не се случуваат на начинот на којшто предвидувате. Добрата комуникација е клучна за да бидете сигурни дека на крајот ќе уживате во резултатите.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе