Пет традиционални јадења за бадниковата вечер

На Бадник секогаш се служат непарен број јадења, а наш предлог се овие 5 посни рецепти кои ќе ве воодушеват.

Трпезата за Бадник мора да биде посна, па затоа од година во година е слична. На менито обично има исти работи, како риба, тавче гравче, кисела зелка..., но и многу други вкусни посни јадења. Бадник се слави на ист начин како и пред години, а има некои правила кои мора да се почитуваат. Она што е важно е дека бројот на посни јадења е непарен, а на празничната трпеза задолжителни се леб/погача, пржена риба, салата од кисела зелка, тестенини со ореви, мед, црвено вино, кисели краставички, тавче гравче.

Тавче гравче

Потребни состојки:

  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 конзерва домати
  • 2 конзерва грав
  • 2 лажици доматно пире
  • 2 лименки пелат
  • 3 лажици вински оцет
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка мелена пиперка
  • 1 лажичка слатка пиперка
  • ½ лажичка бибер
  • ½ лажичка сува мајчина душица
  • сол

Подготовка:

Во тава загрејте малку масло, па додадете ситно сечкан кромид и добро посолете, а кога ќе омекне додадете толчен лук, како и шеќер. Добро измешајте, па истурете го оцетот. Гответе додека не испари, а потоа зачинете со слатка и мелена пиперка, мајчина душица и бибер. Додадете доматно пире и пелат и сè добро измешајте. Потоа во тавата додадете го исцедениот грав и измешајте. Печете околу 5 минути, потоа префрлете во рерна и печете на 180°C околу 15 минути.

Пржен крап

Потребни состојки:

  • 8 котлети крап
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици презла
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер
  • масло

Подготовка:

Во сад измешајте брашно, презла и лук во прав. Зачинете ги котлетите крап со сол и бибер, па валкајте ги во добиената смеса. Пропржете ги на врело масло, па послужете ги со лимон.

Салата од кисела зелка

Потребни состојки:

  • 300 гр кисела зелка
  • 1 конзерва грашок
  • 1 кромид
  • 2 стапчиња целер
  • 2 лажици масло
  • сол

Подготовка:

Исечкајте ја зелката на ленти или изрендајте ја. Потоа додадете грашок, исечкан кромид и целер. Посолете и прелијте со масло. Добро измешајте. Салатата е подготвена за послужување.

Резанки со ореви и карамел

Потребни состојки:

  • 200-300 гр тестенини
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр шеќер
  • малку сечкани ореви
  • 50 гр посна слатка павлака

Подготовка:

Сварете ги тестенините, а потоа процедете ги и изладете ги. Погрижете се да не се залепат. Растопете го шеќерот со слатката павлака и варете додека не направите карамел крем. Прелијте ги тестенините, па посипете со мелени ореви.

Посна погача

Потребни состојки:

  • 550 гр брашно
  • 1 лажица сол
  • 200 мл вода
  • 100 мл млеко
  • 10 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 35 мл масло
  • малку маргарин

Подготовка:

Во сад истурете топла вода и млеко, а потоа издробете го квасецот и измешајте. Додадете шеќер и брашно, сè добро измешајте и оставете 10 минути да се активира квасецот. Во садот истурете брашно, сол, масло и активиран квасец и замесете тесто. Покријте со проѕирна фолија и оставете да стаса околу 40 минути. Потоа замесете тесто, развлечете подебел круг и потоа префрлете го во тавче подмачкано со масло. Покријте и оставете да нарасне уште 10 минути. Премачкајте со стопен маргарин или мајонез. Малку притиснете со вилушка и избоцкајте со чепкалка за заби, а потоа печете ја погачата во загреана рерна на 180°C околу 35 минути.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе