Хроника

Петнаесетгодишно момче се удави во Пчиња

19. август 2019 - 10:49 | МИА

Вчера во 16:40 часот било пријавено дека во кумановското село Шупљи камен 15-годишно момче од село Љубодраг влегло во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починало.

Од страна на полициски службеници и граѓани телото било пронајдено и извадено.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Коментирај