Петте најдобри финти на Нејмар
Бразилецот Нејмар е ѕвезда на Мундијалот во Русија, но од сосема поразлични причини од неговиот фудбалски гениј. Неговите паѓања, тркалања и драмења на теренот ја засенија неговата игра и станаа предмет на подбивање на социјалните мрежи.
Фудбалерот кој моментално игра во ПСЖ и важи за најскапо платениот играч на светот не ја носи таа титула залудно – неговите фудбалерски финти се неповторливи и тешки за копирање.
Можеби уште го немаме видено Нејмар „во полн ефект“ на Светското, но вреди да се потсетиме кои се неговите напрепознатливи потези на теренот.