МВР приведе пијан скопјанец кој кршел предмети и агресивно се однесувал кон вработените на Клиниката за токсикологија.
Во текот на вчерашниот ден, во 18:55 часот во Полициската станица Центар, медицинска сестра вработена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила дека З.Т., донесен во алкохолизирана состојба на клиниката, по укажаната помош почнал агресивно да се однесува и да крши предмети.
З.Т. бил приведен во Полициската станица Центар и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.