Чек дис аут
Неоткриени „пикасовци“, на здравје

Пијана уметност: Во виното е сликарскиот талент

2. април 2012 - 20:59 |

Ако често знаете да кажете дека сте талентирани за сликање колку што е талентирана пијана мечка за играње балет, неколку чашки убаво вино може да се сето она што ви треба за да го откриете уметничкиот генијалец во вас.

Еден салон за сликање во Бруклин, Њујорк, ја нуди токму оваа услуга - пијано сликање. 32-годишниот Кевин Тарасук смета дека малите количини на алкохол може на човек да му помогнат да го открие уметникот во себе, пренесува jezebel.com.

Правилата на игра се овие: плаќате 65 долари за три часа сликање, а единствените услови се потенцијалните „пикасовци“ да не се трудници и да ветат дека после часот по сликање нема да седнат зад волан. Она што се добива за таа цена е четка за сликање во една и вино во другата рака. Тарасук вели дека имал обичај со почетниците да се пошегува дека виното, ако ништо друго, ќе им помогне да ја заборават цената на услугата. Но, курсот е полн погодок, сведочат учесниците.

„После неколку чашки, повеќето учесници започнуваат повеќе да веруваат во својата работа. Има и такви кои се прилично талентирани, но не го почуствувале тоа до доаѓањето кај мене, бидејќи обично не се склони кон пиењето алкохол. Барем не додека сликаат“, изјавил Тарасук.

Оваа „пијана продуктивност“ нема некоја научна поткрепа, но повеќето научници се согласуваат дека една чаша вино на ден придонесува за подолг и поздрав живот, без оглед на тоа дали во другата рака држите четка или не.

Зошто учесниците во овие курсеви би морале да одат баш кај господин Тарасук и нему да му платат 65 долари за нешто што може да го прават во својот дом, не знаеме... Aма ве каниме сите, пред да одлучите да го барате талентот во себе на дното на чаша со вино, да погледнете некои од делата на креаторот на овј курс - тука :)

Коментирај