Пијано виртуозот Борис Березовски со два концерти во Скопје – како солист и како диригент

Рускиот виртуоз на пијаното, еден од најбараните солисти на денешнината, Борис Березовски, во Скопје настапува со два концерти.

Првиот, кој ќе се одржи на 29 мај во Камерната сала на Филхармонија во 20 часот, е негов рецитал, кога ќе настапи со изведба на дела од Шуман (Пијано квинтет во Es-dur, оп. 44), Балакирјев („Исламеј“ оп. 18) и Григ (6 Лирски пиеси оп. 54 од Книга 5).

На рециталот, заедно со Березовски, ќе настапат и македонските извонредни музички уметници: Анна Кондратенко – виолина, Владимир Костов – виолина, Бојан Талески – виола и Александар Котевски – виолончело.

Веќе наредниот ден, на 30 мај со почеток во 20 часот, Березовски ќе настапи како солист со Филхармонијата на симфонискиот концерт под наслов „Кодот на Березовски“. Рускиот волшебник на пијаното ќе изведе два концерти за пијано и оркестар едноподруго, кога ќе биде и самиот диригент - Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Сергеј Прокофјев и Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Дмитриј Шостакович.

Оваа вечер ќе биде изведена и Симфонија бр. во 2 од Александар Бородин, под диригентство на младиот Виктор Митревски, кој годиниве наназад кариерата ја гради на европските музички подиуми.

Борис Березовски (1969) ужива голема репутација во Европа и во светот. Музичката критика едногласна во мислењето дека Березовски во моментов е еден од најмоќните пијанисти кој поседува уникатна техника и сензитивност, кој има специфичен пристап кон пијаното и, воопшто, кон музиката што ја изведува. Студиите ги завршува на Конзерваториумот „Чајковски“ во класата на проф. Елисо Вирсаладзе, а приватно се усовршува со Александар Сац. По неговото деби во лондонскиот „Вигмор хол“ во 1988 година, реномираниот весник „Тајмс“ го опишува Березовски како „уметник со исклучително ветување и пијанист со занемувачка виртуозност“. По две години, тој ги докажува своите квалитети на престижниот конкурс „Чајковски“ во Москва, каде што ќе му биде доделен златен медал. Оттогаш настапува со врвни оркестри, меѓу кои и со Њујоршката филхармонија, оркестарот „Филхармонија“ од Лондон, Ротердамската филхармонија, со диригенти како што се Курт Мазур, Владимир Ашкенази, Михаил Плетњов, Дмитри Китаенко, Антонио Папано, Густаво Дудамел...  Со рецитали и како камерен музичар, Борис Березовски настапува редовно на пијано-сериите на Берлинската филхармонија, на пијано-сериите на амстердамскиот „Концертгебау“ и „Ројал фестивал хол“ во Лондон, на фестивалот „Вербие“ или фестивалот „Ла рок д‘Антерон“...  Березовски соработува со истакнати музичари како што се Џулијан Рахлин, Мајкл Колинс, Ралф Киршбаум, Борис Пергаменшиков... Зад него се бројни аудиозаписи со изведба на дела од Шопен, Шуман, Рахмањинов, Балакирев, Равел..., а меѓу нив и носачи на звук што ги вклучуваат сите концерти за пијано и оркестар на Лудвиг ван Бетовен во изведба на Шведскиот камерен оркестар под диригентство на Томас Даусгард, сите концерти на Сергеј Рахмањинов со диригентот Дмитри Лис, или сите трансцендентални етиди на Франц Лист.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе