Фудбал
СЕРИЈА А 2019/20

Пиоли самоуверен: Подобри бевме од Јуве

11. ноември 2019 - 16:53 | Ф.З.

Тренерот на Милан смета дека неговиот тим и покрај поразот бил подобар од Јувентус, најмалку рамноправен.

„Бевме рамниоправен противник, ако не е подобар од нашиот противник. Јасно е дека доколку не постигнеш гол, тим како Јувентус ќе те казни. Одигравме добро и поради тоа сум задоволен, но пласманот на табелата не е како за Милан и тоа е она што многу нѐ загрижува. Истовремено нѐ тера и тоа како да се сконцентрираме на нашата работа“, рече стратегот на „Росонерите“ по натпреварот.

Синоќа Милан загуби минимално на гости кај Јувентус, но изненади со добрата игра и отпорот кој го пружа. Едно мало невнимание го чинеше пораз, а имаше и неколку шанси за гол.

„Зар има некој што дошол на стадион да ни брои колку пати ќе шутнеме на гол? Малкумина, можеби никој. Видов многу позитивни работи, но не можам да не истакнам дека во овој момент нам ни се потребни резултати. Од среда во Миланело ќе почнеме да кроиме план како да го подобриме пласманот бидејќи вака не може. Мораме подобро да шутираме на гол“.

„Нормално е да ни е тешко. Најважно е да создаваме шанси. Да се игра против Јувенус на гости е комплицирана работа, уште повеќе земајќи го фактот во каква ситуација се наоѓаме. Ни недостигаше победнички удар. Потоа, не можеме туку така да ги негираме сите тие квалитети кои ги поседува Јуве и покрај тоа што при голот ние не бевме добро позиционирани. На крајот на краиштата, во шестнаесетникот се одлучува резултатот и мора да бидеме многу повнимателни во тој дел“.

Прашан за тоа дали планира да прави промени во последната линија, односно да проба да игра во формација со 3 наместо 4 одбранбени играчи, Пиоли истакна:

„Одбрана со тројца? Не, не верувам дека во моментов тоа е она што ни треба. Сега за сега остануваме со четворица“, заврши Пиоли.

Коментирај