Поранешниот Џејмс Бонд, актерот Пирс Броснан го заменува мартинито за дрога во новиот филм Urge, во режија на Арон Кофман.
Неколкумина пријатели посетуваат остров кој им нуди незаборавно искуство со дрога наречена Urge, a Пирс им вели дека смеат да ја пробаат само еднаш. Но, луѓето го игнорираат неговиот совет и ја консумираат дрогата повеќе пати, што доведува до вистински хаос.
Во главните улоги се појавуваат Дени Мастерсон, Ешли Грин, Алексис Кнеп и други. Премиерата е на 3 јуни.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=hPzqKBs5CZ0]