Писмото за Господ на Ајнштајн се продаде за неверојатни 2,9 милиони долари

Писмо во ракопис во кое Алберт Ајнштајн зборува за концептот за религијата, ги надмина сите очекувања и се продаде за 2,9 милиони долари на аукција.

Така нареченото „Писмо за Господ“ што датира од 1954 година, се очекуваше да достигне цена од 1,5 милиони долари на аукцијата во Њујорк.

Нобеловецот Ајнштајн, кој тогаш имал 74 години, го напишал писмото на една и пол страница до германскиот философ Ерик Гуткинд, како реакција на еден од неговите трудови.

Писмото напишано на германски јазик се смета за клучен елемент во дебатата меѓу науката и религијата.

„Ова неверојатно искрено, приватно писмо Ајнштајн го напишал една година пред неговата смрт и до ден-денес е беспрекорен израз на неговите религиски и философски ставови“, стои во соопштението од аукциската куќа Christie's.

„Зборот Господ за мене не е ништо друго освен израз и производ на човековата слабост. Библијата е збирка легенди достојни за почит, но сепак примитивни“, напишал Ајнштајн.

„Ниту едно нејзино толкување, колку и да е суптилно, за мене нема да направи никаква разлика во врска со ова“, продолжува Ајнштајн.

Физичарот исто така зборува и за неговиот идентитет како Евреин и напишал дека јудаизмот е „како и сите други религии, инкарнација на примитивни суеверија“.

„Евреите, со кои гордо се идентификувам и во чиј менталитет сметам дека сум длабоко закотвен, сепак за мене немаат поинаков вид на достоинство во споредба со другите луѓе“, напишал Ајнштајн.

Писмото се продаде заедно со уште неколку други писма и белешки на Ајнштајн, меѓу кои белешка од 1928 година што се продаде за 103.000 долари, во која ги изложува неговите размислувања за третата фаза од неговата Теорија на релативноста.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе