Филм & ТВ

Питер Џексон: Сакам да режирам, но мразам да снимам филмови

16. октомври 2018 - 17:22 | К.З.

Режисерот на култната трилогија „Lord of the Rings“, Питер Џексон, е еден од најголемите филмски работници кои во моментов работат во индустријата. Само што заврши пост-продукцијата на неговиот нов филм „Mortal Engines“, каде Џексон се потпишува само како сценарист, но не и како режисер, што претставува огромно олеснување за него.

Питер Џексон присуствуваше на London Film Festival, кој се одржа неделава. Таму учествуваше во панел за филмска режија, каде одговараше на прашања од медиумите и публиката. Како најинтересен сегмент од целиот панел беше негово излагање за режисерската професија, која вели дека ја сака, но некои делови од неа му предизвикуваат многу негативни чувства.

„Делот со снимањето на сцените е најлошиот дел од професијата. Многу мразам да снимам филмови“, рече Џексон.

Сепак, тој не го мрази целиот процес на снимање филмови. Џексон вели дека ужива во поголемиот дел од филмската работа, само го доживува како снимањето на сцени напорно, без разлика дали се работи за снимање во студио или на локација.

„Го обожавам моментот кога ќе влеземе во собата за монтажа. Тогаш ми олеснува и сум во мојот елемент од филмската работа“, додава Питер Џексон.

Откритието дека омилениот дел од филмската работа му е монтажата вели дека дошло по работата на новиот филм „They Shall Not Grow Old“, кој ја обработува Првата светска војна. За него не му беше потребно снимање, бидејќи сите снимки беа веќе направени пред 100 години а неговата работа беше само да ги монтира и да ги спои во еден филм.

„Обично кога работам на филм прво пишувам сценариот, па снимам сцени, па дури потоа монтирам. Сега отидов директно на третиот чекор бидејќи некој ја завршил мојата работа пред 100 години“, заврши Џексон.

Коментирај