Питката вода на Марс стана солена

Curiosity откри релативно високо ниво на сулфатни соли во карпите на кратерот Гејл. Марс во минатото бил релативно топол и воден свет преполн со реки и езера, а имал и океан кој покривал голем дел од северната хемисфера. Пред околу 4,2 милијарди години работите почнале да се менуваат.

Марс го изгубил своето магнетно поле кое ја чувало атмосферата од сончев ветер. Тоа предизвикало планетата да стане студена и сува. Денес, Марс има атмосфера која изнесува само 1 процент од Земјината, а за среќа нашата планета сè уште има магнетно поле.

Научниците од НАСА задолжени за мисијата на роверот Curiosity објавија нови откритија за Црвената планета, поточно за кратерот Гејл каде што роверот врши истражувања. Детектирани се големи нивоа на сулфатни соли во карпите на кратерот, насобрани од талози на водата низ различни нивоа.

Роверот успеа да собере нови докази за античко солено езеро пред 3,7 милијарди години на кратерот Гејл.

Научниците веруваат дека во претстојниот период ќе се дознае повеќе за еволуцијата на езерата во кратерот Гејл.

„Знаеме дека ќе добиеме одговор, можеби и голем одговор за тоа што се случило следно со езерото, вклучувајќи го и одговорот за сулфатите“, велат од НАСА.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе