Питон долг седум метри проголта човек
Предупредување: Видеото може да ве вознемири!
Акбар Салубрио (25) од Индонезија исчезнал пред три дена откако заминал на жетва во зафрлено село на западниот дел од островот Сулавеси.
Загрижените роднини следната вечер нашле питон кој лежел во дворот на Акбар и не се поместувал. Откако го исекле со мачета питонот долг седум метри, внатре го нашле мртвото тело на момчето.
Змијата успеала да го стегне и да му ги скрши коските, а потоа да го проголта цел.