Македонија

Планинари ќе пешачат 30 километри за да им однесат храна на завеани стари и изнемоштени лица

1. март 2018 - 9:00 | Макфакс/Кајгана

По интензивните врнежи од снег кои ја зафатија земјава, како и кочанскиот регион,  повеќе села од Осоговијата се отсечени од цивилизацијата. Во овие села живеат стари и изнемоштени луѓе од кои повеќето се болни и им е потребна помош.

Членови на планинарското спортско друштво Осогово, на социјалната мрежа Фејсбук споделија дека на завеаните стари и изнемоштени лица им се потребни лекови и некои од основните продукти за прехранување.

„Затоа ние од планинарското спортско друштво Осогово сме расположени да испешачиме повеќе од 30 километри за да им ги доставиме продуктите и лековите кои им се потребни за секојдневна терапија. Секој кој има желба може да донира некои продукти и лекови“, се вели во повикот.

Коментирај