УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Плејада спортски великани во живо гледаа ПСЖ - Барса, но еден ги засени сите

Натпреварот меѓу Пари Сен-Жермен и Барселона привлече големо внимание кај спортскиот свет и на трибините на „Паркот на принцовите“ можеа да се забележат бројни светски спортски икони.

Барселона победи со 3:2 против ПСЖ на гости и со тоа дојде до голема предност во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Но, тоа треба да го докаже на реваншот за шест дена на домашен терен.

Натпреварот изобилуваше со пресврти и убави потези, а на трибините на „Паркот на принцовите“ меѓу оние кои уживаа во натпреварот имаше голем број на фудбалски и спортски легенди.

Натпреварот го следеа Дидје Дешам, Луиш Фигу, Клод Макелеле, Давид Жинола, Раи, Франк Кесие, Ф1 возачот Пјер Гасли и многу други достоинственици од светот на спортот.

Но, еден човек потполно го украде шоуто. Станува збор за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и човек кој остави длабока трага играјќи за овие две екипи. Секако, тоа е Роналдињо, кој останува миленик на навивачите, и во Барселона и во ПСЖ.

Токму затоа Роналдињо беше специјален гостин на мечот одигран синоќа и славниот Бразилец откако излезе на теренот доби громогласни аплаузи од сите трибини. Самиот Роналдињо уживаше во моментот, што се гледаше во неговото расположение.

URL

Интересно, меѓу гостите на натпреварот беше и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој тврдеше дека на натпреварот дошол на покана на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелајфи.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе