Плевнелиев: Бугарија не треба ѝ удира шлаканица на Северна Македонија

Софија, 2  октомври 2019 (МИА) – Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО, а Софија не треба да му удира шлаканица на Скопје, туку да даде поддршка и да ја прошири соработката во сите области, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.

Според него, не треба да има манипулации со историјата, но наместо да се промовира лажен патриотизам треба да се засилува активноста и соработката, особено со Северна Македонија. Плевнелиев вели дека и покрај некои нерешени прашања, сепак има сериозен напредок во односите меѓу двете земји.

– Единствениот кој не ги одобри достигнувањата беше претседателот Румен Радев. Неговиот надворешно-политички неуспех е очигледен. Тој реши да одржи состанок на државниот врв и да повлече црвени линии. Во никој случај не треба да демонстрираме лажен патриотизам пред изборите. Бугарија не треба да е земјата што ќе ѝ удри шлаканица и да ѝ покажува „црвен картон“ на Северна Македонија. Добро е што Владата со прагматизам и мудрост ја спаси ситуацијата, рече Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Според него, за поголемо приближување меѓу, како што наведува, двата братски народа, потребна е поголема работа и трпеливост, како и проширување на соработката во сите области.

– Колку грчки инвестиции има во Северна Македонија, а колку бугарски? Треба тоа да го подобриме и наместо да се однесуваме како лажни патриоти и да ги комплицираме работите во последен момент, да му заблагодариме на Бога што премиерот Бојко Борисов и вицепремиерката Екатерина Захариева не го дозволија тоа. Наместо тоа, да помогнеме и да ги зајакнеме активностите во регионот, а особено во Северна Македонија. Еден пат не сме направиле таму, немаме ниту еден саглам граничен премин, вели Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Целта на Бугарија , како што посочува, не е да освојува нови територии, туку да има мир на Балканот, но тоа не треба да биде на сметка и со манипулација на историјата. Според него, Владата на Северна Македонија треба да биде поддржана затоа што конфликтите на Балканот се во интерес само на Русија и на Србија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе