По 16 години повторно Рудар рок фест во Пробиштип

На 26 август (петок) годинава конечно ќе се реактивира рок фестивалот Рудар рок фест во Пробиштип кој порано се одржуваше секоја година.

На иницијатива на локални вљубеници во рок музиката, Рудар рок фест се враќа на македонската музичка сцена по 16-годишно отсуство (за момент се врати во 2010 година, но потоа не продолжи).

„Со особено задоволство сакаме да ви го најавиме и претставиме овогодишното издание на Рудар рок фест 2022. Се работи за рок фестивал кој што успеавме да го реинкарнираме повторно после повеќе од 16 години (со исклучок во една година, 2010). Фестивалот настана и за прв пат се оддржа во далечната 1997 година. Во првите неколку години успешно се оддржуваше и во тоа време постоеше некоја надеж дека ќе заживее како традиционален рок фестивал на град Пробиштип“, објави организаторот.

Годинава ќе настапат неколку бендови претставници на македонската хард-рок музика: „Крпен Живот“, „Последен удар“, „Eruption“, „Station : Innermost“ и „Conspiracy“. За сите новости и евентуални промени заинтересираните можат да се информираат на настанот на Facebook.

Фестивалот ќе се одржи на повеќенаменското игралиште во Градскиот парк во Пробиштип.

„Со оглед на препознатливоста на нашиот град преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички израз преку кој на најавтентичен начин може да олицетвори оваа тешка дејност. Рударската професија ја карактеризира јаката човечка волја која доаѓа во костец со карпестото сивило. Во тој напор на рударот и во таа спрега со тоа сивило се претопуваат вредните метал-и и не-метал-и. Строгоста, тежината и сериозноста на оваа дејност создава длабока и силна човечка егзистенција. Рударот е опкружен со тврдите и високи тонови произведени од железните машини и тешките алати кои му се придружник во рудниците. Звуците создадени од судирот помеѓу чудовишните машини како движењето на лифтот, пискотниците на вагоните низ шините, бушењето на бургиите во карпата, наоѓаат свој креативен израз во соло изведбите на гитарата. Ударите на чеканот, протокот на рудата низ шутовите, бучноста од движењето на скреперите, сето ова произведува ритмови за бас. Татнежите од експлозиите и грмливиот пад на рудата се предмет за обработка на звук за тапани. ДА, ТВРДИОТ РОК е најдобар начин, уметнички, да се изрази атмосферата на РУДАРСКАТА професија. Затоа ни е потребен РУДАР РОК ФЕСТ“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе