1.МФЛ 2019/20

По пеналите на Шкендија, Работнички побара ВАР, а Осогово понуди решение

Работнички синоќа загуби со 1:2 дома од Шкендија откако главниот судија на тетовчани им даде два пенала од кои вториот во 90-тата минута.

Клубот од Дебар Маало преку својот Twitter профил побара од ФФМ воведување на ВАР технологијата и на натпреварите од Првата лига. Инспирирани од тоа што токму судијата од овој натпревар наскоро ќе стане лиценциран ВАР судија, а им досуди два пенала против, Работнички побара во иднина и воведување на ВАР.

„Роматичарите“ беа рамноправен противник против актуелниот шампион и поведоа уште по само шест минути игра преку Николче Шаркоски. Потоа во 19-тата минута главниот судија Александар Ставрев досуди пенал за Шкендија кој успешно го реализираше Агим Ибраими.

Во последната минута од натпреварот Ставрев по вторпат покажа на белата точка во корист на гостите од Тетово, што ги разлути домаќините. Ибраими уште еднаш го совлада Дамјан Шишковски и донесе три бода.

Последнопласираниот Работнички веројатно го одигра својот најдобар натпревар сезонава, а на крајот остана со празни раце. Дека ФФМ навистина ќе воведе ВАР во домашниот фудбал, секако дека не, но Работнички има право во знак на револт да го искаже своето мислење за пеналите на Ставрев кој пак наскоро ќе се здобие и со лиценца за ВАР судија.

Инаку, лани и прилепска Победа бараше воведување на ВАР. Доколку клубовите навистина сакаат ВАР, прво треба да си ги средат стадионите на кои нема нормални тоалети, а камо ли услови за ВАР соба.

Во клубот Осогово од Кочани се свесни дека ВАР е научна фантастика за фудбалот во Македонија, па на комичен начин му реплицираа на Работнички:

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе