МК сцена
Белов втор, Дуле и Коки трети

Победата на Макфест за Зоран Илиев

16. октомври 2011 - 13:06 |

На финалната вечер на Макфест на која настапија 20 изведувачи, највеќе гласови од публиката освои Зоран Илиев со „Ангели и демони“. Второто место според гласовите на публиката му припадна на Александар Белов со „Јас имав сè“, а Дуле и Коки со песната „Ден прв во месецот“ го освоија третото место.

Наградата за најдобар сценски настап за која гласаа новинарите му припадна на Адријан Гаџа.

Коментирај