Playboy моделот, Кејти Меј, позната како „кралица“ на социјалните мрежи, починала во четвртокот. Таа починала неколку дена откако имала мозочен удар, пишува TMZ.
Не е познато дали Кејти претходно имала здравствени проблеми.
„Кралицата на Snapchat“ и „супермоделот на Instagram“, како што ја нарекуваа медиумите, имаше милиони следбеници на овие социјални мрежи, што ги заработи за многу кратко време. Оваа популарност на социјалните мрежи, и помогна во кариерата како модел.