МК сцена

Почина пејачката Љупка Димитровска

4. октомври 2016 - 18:08 | Макфакс

По кратко и тешко боледување, во 70 година од животот почина пејачката Љупка Димитровска-Калоѓера, соопшти денеска Хрватската музичка унија.

Љупка Димитровска Калоѓера е родена во 1946 година во Скопје. Беше великан на забавната музика и шлагерите на просторите на поранешна Југославија, а врвот на својата кариера го достигна 70-тите и 80-тите години.

Својот прв албум насловен „Љупка“ го објави во 1975 година.

Легендарната пејачка мина речиси половина век на музичката сцена, оставајќи зад себе бројни незаборавни песни, меѓу кои и големиот хит „Ѕвона ѕвонат“.

Токму како изведувач на шлагери ги постигна најзапазените успеси, освојувајќи бројни награди на фестивалите ширум поранешна Југославија, но и на меѓународни фестивали во Источна Германија, Чехословачка, Грција, Франција и многу други земји.

Последното испраќање ќе биде во кругот на семејството. 

Loading the player...

 

Коментирај