Мари Фредриксон, шведската музичарка која го основа светски познатиот бенд Роксет, почина во 62 година од животот, по долго боледување. Од 2002 година пејачката боледуваше од тумор на мозокот.
Шведскиот весник Express објави дека зад себе Мари ги остави сопругот Микаел Болјос и двете деца, 26-годишната ќерка Инес и 23-годишниот син Оскар.
„Со голема тага објавуваме дека почина нашата најголема и најсакана уметница. Мари Фредриксон почина утрото на 9 декември како последица од болеста“, стои во соопштението на нејзиното семејство.
Пред 8 години Мари дозна дека има тумор на мозокот откако се онесвести.
Шведската поп ѕвезда заедно со колегата Пер Гесле го основа бендот Роксет во 1986 година, а нивни славни светски хитови се „It Must Have Been Love“, „Listen to Your Heart“, „The Look“, „Fading like a Flower“,„ Joyride“, „Crash! Boom! Bang!“ и други.
Нејзиниот колега од бендот изрази сочувство на семејството и порача: „Ништо повеќе нема да биде исто“.
Пејачката ќе биде закопана во тишина, во присуство на најблиските.