Култура

Почина писателот Науме Радически

6. мај 2014 - 12:35 | Макфакс

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека по долго боледување вчера во Скопје почина писателот Науме Радически.

Посмртните останки на Науме Радически ќе бидат погребани на 9.мај (петок) на гробиштата во Ѓорче Петров.

Науме Радически е роден на 18 мај 1953 година во селото Мешеишта, Охридско. Својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1984 година.

Науме Радически како поет, критичар, есеист и научен работник остави забележлива трага во развојните процеси на македонската литература.

Објави низа поетски книги, меѓу кои "Постоења и мотиви", "Светол тажен вик" и "Преображение човеково". Автор е и на критичко-есеистичките и научни книги "Релации и континуитет", "Метаморфоза" и "Време без збор".  Добитник е на наградата на ДПМ  "Димитар Митрев" за критика  есеистика.

Коментирај