Свет

Почина полскиот градоначалник кој беше прободен на хуманитарен собир

14. јануари 2019 - 15:53 | Б.С.Б.

Градоначалникот на Гдањск во Полска, 53-годишниот Павел Адамович, им подлегна на повредите со кои се здоби додека присуствуваше на хуманитарен собир во градот.

Тој беше нападнат со нож и прободен во срцето. Пет часа траеше операцијата за спасување на неговиот живот. Нападот се случи пред стотици луѓе присутни на добротворна акција за собирање средства за да се купат медицински уреди.

Напаѓачот е уапсен, станува збор за 27-годишен жител на Гдањск. Според Independent, станува збор за поранешен затвореник кој викал дека се одмаздува поради бес кон претходната политичка партија на градоначалникот. Наводно, тој бил невин кога го осудиле и тоа поради партијата на која градоначалникот порано ѝ припаѓал.

Полицијата соопшти дека убиецот неодамна бил пуштен од затвор каде бил осуден поради грабежи на банки. Сторителот е во притвор. Според официјална изјава на полицијата, 27-годишното момче има ментални проблеми, а на настанот влегол со помош на новинарска пропусница.

Адамович беше градоначалник на Гдањск повеќе од 20 години. По напуштањето на партијата тој бил избран по шести пат како независен кандидат.

Објавено е видео во кое убиецот го прободува со нож градоначалникот.

Предупредување, видеото е со вознемирувачка содржина:

 

Коментирај