Почина Стен Ли – стриповски гениј и основач на Marvel

Неповторливиот автор и издавач кој стои зад стриповската машинерија Marvel, Стен Ли, почина денеска на 95-годишна возраст, а веста ја потврди и неговата ќерка Џеј Си Ли. Тој стоеше зад култни стриповски и филмски франшизи како „Spider-Man“, „The X-Men“, „Thor“, „Iron Man“ и многу, многу други.

Легендарниот Стен Ли успеа да доживее длабока старост, но неговите дела и наследството кое го остави за стриповската и филмската индустрија ќе останат да живеат засекогаш.

Стен Ли е роден на 8 декември 1922 година и за првпат почна да работи на стрипови за Капетан Америка во четириесеттите години од минатиот век, кога неговиот вујко го вработи во Timely Publications. Кратко потоа, тој служеше војска за време на Втората светска војна и се здоби со ветерански статус.

Неговиот пробив кон славата дојде само 20 години подоцна, кога во 1961 година заедно со Стив Дитко, Џек Кирби и неколкумина други ја преименуваше компанијата Atlas Comic (Timely Publications) во Marvel Comics. Раѓањето на легендата започна кога излезе првиот број на „Fantastic Four“ – до денешен ден најстариот и најдолгиот стрип серијал за група суперхерои.

Оттогаш Стен Ли ги издаде легендарните „Spider-Man“, „Thor“, „Iron Man“, „The Hulk“ и многу, многу други наслови кои денес се поголем дел од поп културата од било кога претходно. Неговото наследство остана да живее преку кратките појавувања во филмовите на Marvel, а безброј млади луѓе се запознаа со неговиот лик и дело токму преку нив. Низ текот на годините тој стана светски познат бизнисмен и неговата слава растеше од ден на ден, но тој остана доследен на љубовта за стриповите до последниот ден од животот.

Во последните неколку години тој боледуваше од разни болести, беше хоспитализиран поради пневмонија и неговото здравје беше дискутабилно во секој момент. Неговата сопруга Џоан Клејтон Букок, со која беше во брак 70 години, почина во 2017 година а тој остана да живее со неговата ќерка Џеј Си Ли.

Почивај во мир, Стен.

Excelsior!

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе