Почина Таска Балабанова – гласот на детството

По долго и тешко боледување, почина Таска Балабанова, македонска филмска и телевизиска актерка, чии гласовни интерпретации на ликовите од цртаните филмови го одбележаа детството на многу генерации.

Балабанова, со чиј глас израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио, почина во Скопје, на 85 години.

Родена е во Велес, во 1934 година. Актерската кариера ја започна во некогашниот Младинско-куклен театар, од кој во 1965 е формиран Драмскиот Театар. Таа потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радио актер и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми.

Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива од цртаната серија „Попај Морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата „Штрумфови“.

Таска Балабанова учевствуваше и во снимањето на првите реклами во 50-те години на 20. век.

Играла во повеќе филмови и ТВ-серии, меѓу кои: Средба (1974), Едно лето (1982), Илинден (1982), Време на летала (1982),Трето доба (1987), Мугра (1989), Македонски народни приказни (1992), Време живот (1992).

Посмртните останки на Таска Балабанова ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Бутел, во петок во 10 и 30 часот, а погребот ќе биде извршен во 11 и 30 часот.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе