Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин, ненадејно почина во Њујорк, пренесува RT. Веста за неговата смрт ја потврди руското Министерство за надворешни работи.
Веста за смртта на 64-годишниот амбасадор ги изненади неговите колеги во ОН, кои му оддадоа едноминутно молчење. Чуркин почина ден пред неговиот 65 роденден.
Пред да стане претставник на Русија во Обединетите Нации во мај, 2006 година, Чуркин бил амбасадор во Белгија, амбасадор во Канада, а во 90-тите години бил специјален претставник на рускиот претседател во разговорите со поранешна Југославија.