Вчера околу во 10:56 часот во СВР Скопје, пријавено е дека околу 06:30 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал В.М.(54) – затвореник во Казнено-поправната установа „Идризово“.
На затвореникот на 13.11.2018 година околу 16.00 часот му се слошило и бил однесен во Ургентниот центар.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.