Почит, слава и љубов за Тоше - во Крушево одбележан неговиот 42. роденден

Обожавателите и приврзаниците на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески денеска на Гумење во родното Крушево го одбележаа неговиот 42. роденден. Веќе 16 години се одбележуваат значајните датуми за Тоше без него, но со почит, сеќавање, и радост што го имавме. На неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево посета и почит од институции и негови привзаници од земјава и странство.

Стела Прислан Фејс од Загреб, Хрватска секогаш е во Крушево и на Гумење за посебните датуми за Тоше затоа што смета дека тој имаше само ден на раѓање.

– Пак сме во Крушево, на свој начин со Тоше. Тој останува љубов, музика и вечност. Македонија треба да е горда што го имаше. Неговиот ден на раѓање носи дополнителни емоции, а за нас е вечен. Секоја година доаѓам. Тоа е потреба. Ова ни е втор дом, рече Стела Прислан Фејс.

Во спомен домот „Тодор Проески“ на Гумење, најпосетуваниот музеј на овие простори, со повеќе манифестации беше одбележан денот  на 42. роденден на Тоше. Изложби, 42 маички со мотив што го претставуваат Тоше, големиот музичар, хуманитарец и човекот со големо срце. Централно место имаат експонатите и музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ на кој Андријана Јаневска и Бојан Стојков во придружба на „Џез Сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески, ги изведуваа хитовите на Тоше. Беше отворена изложбата на дела на уметничката Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје, а беа промовирани и делата од 26. керамичка колонија од Велес со мотиви врзани за Тоше Проески.

Лефкија Гажоска, директорка на спомен-куќата „Тодор Проески“, вели дека посебна е приврзаноста со Тоше, со неговата музика и неговото дело.

– Во 11:15 часот во 1981 година се роди Тоше Проески. И настаните, на некој начин, ги врзавме така. Со промоциите на изложбите, а посебен е музичкиот настан „Ангел си ти“. Спомен-домот ги одбележува сите значајни датуми и сѐ што е поврзано со Тоше Проески. Многу ни е мило што заедно со средното училиште „Маца Овчарова“ од Велес, со специјалната паралелка успеавме да испечатиме 42 маички со победничкиот мотив од нивната грнчарска меѓународна работилница, посветена на Тоше. Песната на Тоше „По тебе“ како спомен-куќа ја посветуваме на него, која остави голема трага. По него не е ништо исто, но ние сакаме да ги одбележиме убавите моменти, неговата музика да остане вечно во сеќавањето, рече Гажоска.

Дијана Попанов, дефектолог од Велес рече дека грнчарската меѓународна колонија која опфати 31 училиште годинава беше посветена на Тоше.

– Сета љубов за Тоше е отсликана на керамичките чинии изработени во работилницата, а најдобриот мотив е ставен на 42 маички што се промовираа денес, рече Дијана Попанов.

Атанас Ташкоски, 14-годишен крушевчанец ја освои првата награда и неговиот мотив за Тоше е на маичките што им се нудат на посетителите.

– Кога се пријавив, веднаш нешто ме натера да нацртам со сина боја. За Тоше, големиот музичар и хуманитарец, зашто некои бои го опишуваат повеќе, рече Ташкоски, ученик од Крушево.

Дека Тоше е синоним и за љубов потврдува младата Русинка Наташа Кондрашова. Таа својата љубов ја најаде во сопругот Драган од Крушево.

– Од 2012 година доаѓам од Северна Русија во Крушево за Тоше. И пред три години ја најдов својата љубов во сопругот Драган и станав крушевчанка. Тоше нѐ поврза, со радост вели руската крушевчанка Наташа.

За Тоше Проески се навестува и филм. Животот го загуби во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска на 16 октомври во 2007 година.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Култура

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Read more

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе