Почна евакуацијата на бегалците од Идомени

Грчките власти започнаа со евакуирање на мигрантите кои се блокирани во кампот крај Идомени на границата со Македонија, објави во саботата полицијата истовремено потврдувајќи дека е намалено пристигнувањето на мигрантите и бегалците на грчките острови од Турција. 

Осум автобуси пренеле околу 400 мигранти од кампот во Идомени во центрите за прифаќање во истата област, истакна локалната полиција. Десетина други автобуси чекаат во саботата да ги превезат мигрантите од истиот камп кои се согласуваат да заминат од него, повеќето семејства со деца кои повеќе не можат да ги поднесат тешките услови во Идомени.

Според официјалните бројки, 11.603 лица се наоѓаа во саботата претпладнето во Идомени, откако Македонија ја затвори својата граница на почетокот од март откако тоа претходно го сторија другите земји на ткн балканска бегалска рута.

„Од понеделник ќе се интензивираат напорите“, изјави претходно во четвртокот Јоргос Киритис, портпарол на службата за координација на миграциските политики. Според него, ќе бидат оспособени 30.000 нови места во центрите за прифаќање во следните три седмици.

Истовремено приливот на мигранти од Турција продолжил да паѓа од стапувањето на сила на договорот меѓу Европската унија и Турција, пред една седмица. Во саботата грчките власти дека само 78 лица пристигнале во петокот на грчките острови, во однос на 161 човек во четвртокот. Претходно во средата, пак, не беше регистрирано ниту едно пристигнување на мигранти, првпат откако стапи на сила договорот ЕУ-Турција чија цел е да се спречи миграциската рута преку Егејското Море.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе