Почна Моден викенд Скопје: Носталгијата е демоде, гледаме напред кон иднината

Јубилејното 20-то издание на Моден викенд Скопје почна вчера, со ревија на Ирина Тошева која важи за рекордерка по број на прикажани колекции и одржани ревии и модни преформанси на единствениот моден настан со традиција кај нас.

Сосема пригодно, настанот на заокружувањето на својата прва деценија се одржува во Музеј на град Скопје. Па нели модата е една од формите на уметничко изразување и еден од столбовите на модерното живеење на еден град?

Оваа есенска сезона на FWSK не се очекуваше како и сите други – јубилејот беше нестрпливо очекуван и скокотливо најавуван преку социјалните медиуми и платформи. Модни дизајнери, новинари, блогери, модели, гости и уметници зборуваа за „нашиот фешн вик“, за омилените модни парчиња и дизајнери, за нивните очекувања од модата во иднина. Сево ова несомнено ги крена влоговите и очекувањата и влеа надеж дека по претходната сезона кога добивме „европска витаминска инјекција“ ќе научиме како се прави добитниот коктел.

Што видовме синоќа? Видно отсуство на имињата кои низ годините го градеа Моден викенд Скопје во она што е денес. Се очекува дека, без разлика кога (и зошто!) ја напуштиле, своевремено, единствената платформа за промоција на својот бренд, дизајнерските имиња кои изградија свои минипазари и новите колекции ги презентираат на класични самостојни ревии и преку алтернативни медиуми, барем ќе се појават да го одбележат јубилејот, да позираат за медиумите, да се потсетат на „старите добри времиња“, да направат селфи.

Или пак, Моден викенд Скопје гледа толку втренчено во иднината, што нема време (ни потреба) да се навраќа на минатото? Пулсирањата, а и емоциите синоќа во Музеј на град Скопје беа измешани, барем за оние кои го следиме Моден викенд во сите негови фази и метаморфози. Јубилеј од 20 сезони воопшто не е за занемарување, особено ако се земе предвид дека условите ( и изговорите) за негово одржување честопати биле на граница на непостоечки. Недостигаше гламурот и ексклузивноста, чувството на славење на модата кое нѐ обзема секоја сезона, а оваа требаше да нѐ преплави. Но, имаше бројни елементи кои покажуваат дека барем се движиме во вистински правец и не се држиме носталгично за славното минато како давеници за сламка. Бидејќи давеници тука нема.

Модниот викенд Скопје само го собира на едно место она што го имаме ние на модната сцена – ова се дизајнерите кои работат (континуираното презентирање колекции не е доволна работа, потребни се иновација, истражување и пробивање бариери), ова се медиумите кои следат и познаваат (класични и алтернативни), ова е нашата модна потрошувачка публика, овие се нашите претставници на уличната мода, трендсетери и инфлуенсери.

Вистинско освежување беше присуството на тимот на Fashion Revolution Macedonia, чии членови ги едуцираа присутните за одржливата и етичка мода и ги потсетуваа секогаш да бараат одговорност од модните брендови, со прашањето „Who made my clothes?“ (Кој ја направи мојата облека?)

„Веруваме во модна индустрија која подеднакво ги вреднува човечкиот капитал, животната средина, креативноста и профитот“, е максимата на Fashion Revolution.

А најдобар пример за тоа како се гледа напред е Ирина Тошевa, која синоќа го отвори јубилејното издание на Моден викенд Скопје со претставување на новата зимска колеција „REM“.

Она што секогаш ја издвојувало Тошева на нашата сцена е нејзиниот иновативен приод кон материјалите и техниките во работата, но и постојаниот порив да излезе од класичното разбирање на функциите „моден дизајнер“ и „мода“ како примарно естетски и да навлезе во општественото, етичкото и еколошкото нивно поимање.

Во новата колекција, Тошева ги истражува ликовното творештво и надреализмот како појдовна инспирација. Според неа, потпирањето на секвенци од соништата и потсвесните мисли, резултира со најчиста форма на мода, како „противотров“ на светот околу нас. Креациите се изработени со еколошки материјали од банана и пченка, кои се алтернатива на памукот.

Доследна на оригиналниот пристап за презентација на парчињата, нејзиниот избор овојпат падна на модел(к)и налик на дрег кралици, во соработка со шминкерот Небојша Пешевски.

Како втора следуваше Кренаре Ругова, гостинката од Косово, чијашто модна визија за есен-зима ‘19/’20 е нослива гардероба од природен текстил и со унифицирани геометриски форми, нудејќи им отмена и рафинирана силуета на сите модерни жени. Дава чувство на сила и комфор, независно од животното темпо. Истовремено, ги одразува потребите на личноста во актуелното социјално окружување.

Под сјајот на рефлекторите и блицoт на фоторепортеите, блесна и колекцијата на SIGMA Jewelry , брендот за луксузен накит и префинети модни додатоци. Честа да ја отвори гламурозната ревија ѝ припадна на македонската музичка ѕвезда Викторија Лоба, која е нивно заштитно лице и повеќегодишна соработничка.

А, дека крајот го краси делото, потврди модниот филм и перформансот „+7 HOURS“, во реализација на наградуваната платформа за концептуален дизајн ИВАН АСЕН 22 од Софија, под водство на кураторот Нели Митева. Во прашање е проект што има за цел да ги вкрсти бугарската и јапонската култура низ јазикот на визуелното.

Финалниот резултат се екстравагантни креации, заеднички создадени од девет модни дизајнери од Бугарија, како и четири студенти по моден дизајн од Јапонија. Седум часа всушност е времето кое ги „дели“ како разлика овие две земји. Главната улога во истоимениот филм што го придружува перформансот ја толкува актерката Ирмена Чичикова. Го истражува феноменот за современиот урбан живот, пресликан во футуристички варијанти на традиционалните кимона и носии.

Фото: AD Photography

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе