Почна обуката на полицајци за користење на летечките мотори во Дубаи

Стартап компанијата Hoversurf од Калифорнија го реализира договорот што го потпиша со полицијата на Дубаи во 2017 година и ѝ го подари првиот произведен летечки мотор S3 2019 Hoverbike и почна со обука на полицајци за негово користење.

Халид Насер Алразоки, генерален директор на Одделот за вештачка интелигенција при Полициската служба на Дубаи, рече дека eVTOL возилото ќе се користи во единицата за брзо реагирање во случаи на тешко пристапен терен. Тој рече дека планот е летечките мотори да почнат да се употребуваат до 2020 година.

„Во моментов имаме две екипи на обука за управување со летечкиот мотор и бројката ќе се зголемува“, рече тој за CNN.

Шефот на операции за Hoversurf Џозеф Сегура-Кон објасни дека идеални кандидати за обуката се полицајци кои знаат да возат моторцикл и имаат искуство со управување со дрон.

Тој додаде дека полицијата во Дубаи има ексклузивно право да нарача онолку единици колку што ѝ се потребни.

„Ќе ни кажат во следните месеци колку мотори ќе им бидат потребни... ако сакаат 30-40, ќе им ги испорачаме“, рече Сегура-Кон.

Ако сакате летечки мотор, но не сте припадник на полицијата на Дубаи, ќе треба да одвоите 150.000 долари за него. Цивили може да испратат нарачка, но Сегура-Кон ги предупредува потенцијалните купци дека ќе бидат тестирани дали може да управуваат со напредната технологија.

Главниот уредник на списанието Aerospace, Тим Робинсон, смета дека летечкиот мотор е „прилично ограничен“ кога станува збор за негова примена во полициската работа, но сепак не го критикува и додава дека „изгледа многу забавно“.

Тој објаснува дека eVTOLs моторите се ограничени со моментално достапната технологија за полнење батерии, но смета дека во иднина би се зголемил дометот на овие возила.

Уште не се знае каде ќе се одвива сериското производство на S3 2019, но Сегура-Кон рече дека Hoversurf е во преговори со „три компании на различни локации низ светот“, од кои една е во Дубаи.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Мотори

Прекрасниот скутер на Honda се врати и е електрифициран за XXI век

Read more

Harley-Davidson откри важен датум

Read more

AMB 001 Pro е новиот мотоцикл на Aston Martin

Read more

Ducati го претстави својот прв електричен мотоцикл

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе