Почнува 10. Патувачко кино на „МакеДокс“

Од денеска до 12 јули ќе се одржува 10. Патувачко кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со проекции во села околу Охридското и Преспанското Езеро, од македонска и од албанска страна. Базниот камп на фестивалот ќе се наоѓа во струшкото село Радожда, од каде што ќе се упатува кон селата од двете страни на границата.

Од утре до 11 јули ќе има проекции во четири македонски и во три албански населени места: Лабуништа (2 јули), Бучимас (3 јули), Вишни (5 јули), Драслајца (6 јули), Пустец (7 јули), Луково (10 јули) и Лин (11 јули).

Покрај проекциите на документарните филмови, ќе се одвиваат и други активности – патувачка библиотека на МакеДокс со книги собрани со донаторска акција, кои на крајот ќе бидат донирани на основното училиште во Радожда. По проекциите во Драслајца, Пустец, Луково и Лин планирани се музички забави, а денеска ќе има забава и во „Кингстон бар“ во Струга.

– Особено ни е мило што годинава успеавме да ја оствариме идејата Патувачкото кино да стане регионален настан и првпат во неговата реализација се вклучени и партнери од Албанија, соопшти Фестивалот.

Паралелно со Патувачкото кино, од 5 до 11 јули ќе се одржуваат сесиите на третата генерација „Докуникулци“, кои оваа година ќе работат во формат на камп за креативен документарен филм, а  првпат и оваа платформа е поставена регионално со учество на млади од 15 до 18 години од земјава, Србија и од Албанија.  Партнери на „МакеДокс“ во овој проект се Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград.

Патувачкото кино на МакеДокс се реализира со поддршка од Агенција за филм на РСМ, Амбасадата на Германија и е овозможено од Western Balkans Fund. Детската филмска програма во рамки на Патувачкото кино се организира во соработка со меѓународниот фестивал „Док Лајпциг“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе