Останати спортови
СКОПЈЕ ТРЧА 10К 2019

Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“

22. август 2019 - 13:13 | МИА

Скопје, 22 август 2019 (МИА) – Од денес стартува пријавувањето за трката „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи на 6 октомври. Тие кои ќе се пријават во текот на денешниот и утрешниот ден ќе може да го одберат својот стартен број.

Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од двапати по 5 километри.

За повеќе информации за „Skopje Run 10K“ посетете ги официјалните канали за комуникација Skopje.Run и SkopjeRun facebook.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување Smartrace.

Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

„Skopje Run 10K“ веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Коментирај