Почнува Скопско лето 2016

Денеска, на платото пред Македонската опера и балет, со гала оперскиот концерт на солистите и оркестарот на Македонска опера и балет, во 21 часот, свечено ќе биде отворено 37-то издание на Скопско лето, меѓународната културна манифестација, што традиционално почнува на првиот ден на летото, но и на Светскиот ден на музиката.

Отворањето на Скопско лето 2016 ќе го означи уште еден културен настан, со почеток во 20 часот во Национална галерија на Македонија „Чифте амам“, изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески.

Скопското лето веќе 37 години на нашиот град, во летниот период, му дава специјален мирис и арома со низа домашни и странски, премиерни и специјални проекти и гостувања, музички, театарски, филмски, ликовни и други естетски доживувања на скопските сцени и отворени простори.

Годинава „Скопско лето“, кое е во организација на Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, а покровители се Министерството за култура и Градот Скопје, ќе биде со богата програма, составена од 52 уметнички настани,  кои се од различен карактер и истите се составени од 19 музички настани-концерти, 10 ликовни изложби, 9 театарски претстави, 11 филмски проекции.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=8iEOML-X5XE]

 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе